Денес е вистинскиот ден, сега е вистинскиот момент

Денот едвај започна, веќе е шест часот попладне.
Седмицата само што започна, понеделник е, а само што ќе трепнеме ете дошол петок.
... и месецот си поминал.
... и годината речиси заминала.
... и така поминале 40, 50, 60 години од нашиот живот.
... и со задоцонување сфаќаме дека сме изгубиле родители, пријатели... 

И сфаќаме дека веќе е доцна за да се вратиме назад.  И затоа... ајде да се обидеме да искористиме што е можно повеќе време. Да не се воздржуваме да го правиме она што го сакаме. Да додадеме бои во сивилото на животот. Да се радуваме на ситниците во животот кои го хранат нашето срце. И наспроти сѐ, да уживаме во мирот на времето кое ни е преостанато. Да се обидеме да го отстраниме она „подоцна“. 

Ќе го направам тоа подоцна. 

Ќе го кажам тоа подоцна. 

Ќе размислам за тоа подоцна. 

Сѐ оставаме за подоцна, а тоа „подоцна“ никогаш не доаѓа.

А не разбираме дека:

Подоцна – кафето ќе биде ладно.
Подоцна – приоритетите ќе се променат.
Подоцна – годината ќе заврши.
Подоцна – здравјето повеќе нема да биде добро.
Подоцна – животот ќе заврши. 

Подоцна најчесто е предоцна. 

Затоа, да не оставаме ништо за подоцна, затоа што чекајќи го тоа „подоцна“, можеме да изгубиме:

Најдобри моменти.
Најдобри искуства.
Најдобри пријатели.
Најдоброто семејство.

Денес е вистинскиот ден. Сега е вистинскиот момент. Да не го пропуштаме.