Денес е празник на светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник.

Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено.

Тие ја добија ќерка си Марија, што значи измолена со солзи, на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника…

Празникот на Свети Јован и Ана се празнува еден ден по Мала Богородица (Раѓањето на Пресвета Богородица) на 22/9 септември. Светата црква уште ги одбележува и Зачетието на Ана 22 /9 декември и Успението на Св. Ана (Смртта на Ана) на 7. VIII/25 VII.

Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.