Денес е денот кога треба да се ослободиме од овие навики

Дали вашите рутини и навики ве држат настрана од среќата? Често, опсесивно се држиме до некои навики, но не забележуваме дека тие нè прават несреќни. Се држиме до нив, а тие ни предизвикуваат стрес и анксиозност.

Сепак, треба да застанеме и размислиме. Иако е потребно одредено време за да се создаде навика, потребно е и време да се ослободиме од неа. Но, време е да се ослободиме од навиките кои нè прават несреќни.

Денес е совршениот ден за тоа.

Постојано грижење за сè

Грижата е најголемата пречка кон среќата. Таа ни го одзема вниманието кон позитивните нешта и ни дава илузија дека имаме проблем, а често не е така. Ван Валјдер вели дека грижата е како столица која се ниша. Ни дава нешто да правиме, но не нè носи далеку.  Луѓето се грижат поради различни причини: да ја избегнат реалнсота, се грижат поради непознатото, се грижат за оние кои ги сакате, за промените кои ги очекуваат. Не можеме да не се грижиме и не можеме одеднаш да го направиме тоа, но потребно е да го практикуваме и да се потрудиме да ги контролираме своите мисли.

Постојано задоволување на луѓето

Мислите дека луѓето ќе ве ценат многу доколку постојано се трудите да ги задоволите нивните потреби? Се лажете. На тој начин си правите голема услуга себеси бидејќи тоа ќе ве истошти и физички и умствено. Иако е во ред да бидете фини со другите луѓе, не морате тоа да го правите на своја сметка. Научете да кажете „не“.

Живеење во минатото

Минатото е позади нас и нема потреба да минуваме време мислејќи на него. Кога ги држиме нашите мисли заробени за нашите спомени и нештата што се случиле во минатото, ја избегнуваме сегашноста. Ние сме производ на нашите мисли, а нашето делување е рефлексија на тоа што го мислиме. Затоа, треба да бидеме присутни и фокусирани на сегашноста. Без оглед на тоа какви се вашите чувства за минатото (позитивни или негативни, среќа, бес, фрустрација), потрудете се работите да ги оставите позади вас.

Судење на другите

Кога им судите на другите, вие сте тие што страдаат. Тоа е резултат на вашата лична инфериорност и бес. Никоја личност не е подобра од друга, туку секој од нас е различен на свој начин. Обидете се да сфатите дека сите ние сме различни.