Денес е ден за...

Навистина е потребно малку за некому да го разубавиме денот или некој нам да ни го разубави денот. Убав збор, насмевка и топол поглед можат да направат чуда.  

Добронамерен збор, гест или мала материјална помош која доаѓа директно од срцето има посебна моќ. Кога таа цврста љубов делува, таа делува во дишина и не бара пофалба од други луѓе. Најголемата награда е љубовта која ќе ви се врати.

И затоа, денес е ден за некому да упатите убави зборови, не затоа што морате, туку затоа што сакате.

Денес е ден за прегратки, прегрнете некого, онака, без причина.

Денес е ден за ја кренете главата и да се насмевнете некому, не поради тоа што морате, туку затоа што вашето срце така ви вели.

Денес е ден за да врати љубов и да се даде љубов.

Денес е голем ден за мене. Денес е ден кога на една посебна личност во мојот живот ѝ ги прaќам сите прегратки на овој свет, сите топли зборови, бакнежи и насмевки. Иако сме раздалечени со километри, секогаш ќе биде во моето срце, но и јас во нејзиното.

Денес е ден кога моето срце вика: „Среќен роденден мамо и сѐ најдобро!“