Денес дожд, снег и силен ветер во Македонија - какво време не очекува наредните денови?

Времето во Македонија, денеска, особено во утринските часови, ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд кои наместа ќе бидaт поројни проследени со ретки грмежи, локално околу 30 литри на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец, над 70 километри на час. 

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната  од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во почетокот на наредната недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.