Денес дел од општина Карпош без вода, друг дел без струја

Со известување од страна на општината и ЈП „Водовод и канализација“, денес беа информирани карпошани за настанатите прекини со вода на улицата Козле 3/33 и прекинот на струја на улицата „Бриселска“ во Тафталиџе. Двата прекини настанаа поради технички зафати на улиците.

Денес, ЈП „Водовод и канализација“ ги информираше жителите на улицата Козле 3/33 дека ќе има прекин на питката вода поради технички зафати, односно изведување на водоводен приклучок ф-100мм. Прекинот на вода започна во 09:00 часот денес, а ќе трае до завршувањето на работните активности.

Покрај тоа што дел од граѓаните кои живеат во Карпош денес немаат вода, жителите на улицата „Бриселска“ во Тафталиџе имаат прекин на електричната енергија. Како што известија од општината прекинот е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа и е предвидено да трае од 09:00 до 14:00 часот денес.