Во Гази Баба доделени грантовите за студенти иноватори

Денеска, 05.07.2022, во општина Гази Баба беа доделени грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.

За настанот иформираше градоначалникот на општината, Бобан Стефковски, преку негова фејсбук објава. Тој истакна дека целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.

„Како градоначалник на општина Гази Баба ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти. Гази Баба го живее новото време. Заедно градиме успешна и силна општина, дом за сите луѓе“, напиша Стефковски.