Ден по трагедијата: Болна тишина и остатоци на местото каде вчера се случи хорор (ВИДЕО)

Утрово продолжи увидот на  скопското јавно обвинителство на местото на несреќата на патот Скопје – Тетово, кај местото Ласкарци.

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати лица во една од најтешките автобуски несреќи во историјата на Македонија се искачи на 15.

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента, ги пробил сите заштити, летнал на регионалниот пат, а оттаму во полето и се превртел.

На самото место животот го изгубија 7 лица, во болниците во Скопје на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.

Во скопските болници се згрижени уште 40 повредени, од кои неколку во тешка здравствена состојба.

Возачот на автобусот кој синоќа се преврте на автопатот Скопје Тетово преживеа и му се земени примероци од крв и урина за анализа.

Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар.

Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.

Видеото на Нова Македонија, погледнете го во продолжение: