Ден на младите 2022: Младинско волонтирање и Зелен активизам

Денот на младите со фокус на младинското волонтирање и зелениот активизам, денеска и утре ќе биде одбележан во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

Настанот е организиран од Волонтерски центар и Гоу Грин, а поддржан од Општина Кисела Вода, Националната агенција за образовни програми и мобилност, EU House Skopje.

Овој настан има за цел да ги афирмира младите, да и даде простор на заедницата и особено на младите за идеи, разговори и размислувања за создавање подобра и поодржлива иднина.

– Настанот ќе биде супер еко, со струја што сами си ја произведуваме со возење велосипеди, без отпад и со свежи пијалоци направени од волонтерите, велат организаторите.

На настанот, двата дена ќе има изложба од млади уметници, како и фотоизложба за волонтеризам и еко-активизам. Забавниот дел ќе биде покриен од млади бендови и артисти.

Исто така, ќе имате можност преку инфо-точките на ЕУ и Националната агенција да се запознаете со програмите и активностите што ги нудат за млади.

Утревечер ќе има и кино на точак, ќе се прикажуваат филмови на тема волонтеризам и екоактивизам. Дел од кратките филмови ќе бидат од програмата на EU Youth Cinema:Green Deal.

Исто така, младите ќе имаат можност преку инфо-точките на ЕУ и Националната агенција да се запознаат по блиску со програмите и активностите што ги нудат за млади.