„Ден на Боб Марли“ под мотото „One love“ во Градски парк

Поминаа многу години позади нас, оваа е 15-та година од првиот „Ден на Боб Марли“ .Од 2003-та, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

Доближувајќи ја РЕГЕ МУЗИКАТА и пораката на БОБ МАРЛИ- ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш...

Настанот ќе се одржи на 13 мај од  почнувајќи 10:00 часот во Градскиот парк.