Демонстрантите повикаа на протест денеска во 11 часот

Насобраните граѓани кои беа вчера пред Собранието повикаа денеска во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата на која на дневен ред е токму договорот со Грција.

Го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре да го напушти Собранието и да му се придружи на народот.