Демонстрантите фрлија молотов коктел врз собраниската зграда

Молотов коктел заврши врз собраниската зграда, но не се запали, за време на протестите против промената на името.

Забележани се и демонстранти како фрлаат со конзерви и други предмети кон Собранието.

Протестот е во тек, а дел од присутните држат запалени бакли и пејат патриотски песни. Собраните и говорниците извикуваат „Македонија“ и „Македонија на Македонците“, повикувајќи го народот да им се приклучи и порачувајќи дека нема да дозволат промена на името. Тие предупредија дека Македонија ќе гори, а извикуваа и „бесилка бесилка“, како и погрдни зборови за Владата.

Претходно повик за учество на протестите упатија неколку навивачки групи.