Демолирана арената „Филип Втори“: Балистите искршија сѐ што им се најде на пат! (ФОТО)

Навивачите на новиот освојувач на Купот, Шкендија вчеравечер направија пустош на Националната Арена „Филип Втори", откако искршија се што им се најде на пат.

Како што пренесува sportmedia, по триумфот на Шкендија со 2-0 во финалето на Купот против Работнички, навивачите од Тетово ја демолираа Арената, па по завршувањето на мечот во око паѓаат искршените столчиња, оштетениот тартан откако со факли ја запалија претходно фрлената хартија, а палеа и пред влезот на стадионот. Штетата која тие ја направија допрва ќе треба да се проценува.

Демолирањето на Арената е само кулминација на дивјачкото однесување на навивачите, кои тргнаа со исвиркување на националната химна, потоа со истакнување на транспарент со Илирида и со огромното количество на пиротехника што ја запалија на мечот, како и со погрдните скандирања за време на финалниот меч.

Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и дисциплинската комисија која треба да одреди казна за однесувањето на навивачите.