Демократски сојуз: Во Дрисла не смее да се депонира радиоактивен отпад

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите презентирани во јавноста, дека во депонијата ” Дрисла” во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.

Од партијата велат дека сработи за скандал со можни сериозни последици по здравјето на граѓаните и трајно загадување на животната средина.

„Надлежните државни институции мораат најитно да реагираат и доколку се потврдат првичните информации да се преземат мерки за заштита на граѓаните и покрене постапка за одговорност на инволвираните во овој криминал. Во Дрисла не може и не смее да се складира или уништува радиоактивен отпад“, велат од Демократскиот сојуз.

Оттаму ја поздравуваат транспарентноста на Градоначалникот на Скопје, кој, како што велат, ги споделил овие загрижувачки информации со јавноста.