Демант од ЈП „Улици и патишта“: Возачот на возилото кое пропадна во фонтаната сеуште е на неговото работно место

Јавното препријатие „Улици и патишта“ најостро ги демантира невистинитите информации објавени на дел од медиумите за новодното отпуштање од работа на возачот на камионот кои пропадна на површинската фонтана на плоштадот Македонија за време на дочеток на РК Вардар, организиран на ден 06.06.2017 година.

Сакаме да ја информираме јавноста дека вработениот сеуште е на неговото работно место и дека истиот не е отпуштен, како што тврдеа одреднени медиуми.

Во ЈП „Улици и патишта“ формирани се комисии кои се задолжени за утврдување на сите факти и причини за овој настан.