Делта сојот е до 70 пати повеќе вирулентен, велат надлежните

Соседна Србија е „на готовс“ во пресрет на четвртио корона бран. Надлежните најмногу се плашат од делта сојот кој може да биде погубен за младите и невакцинираните лица. 

Директорот на Здравствениот дом Палилула, Александар Стојановиќ, за „Блиц“ открива зошто новиот вид на корона е поопасен. -Делта сојот е до 70 пати повеќе вирулентен од претходните соеви, што значи дека се шири побрзо, особено кај оние кои не биле вакцинирани, а тоа се претежно млади. Тие исто така можат да добијат посериозни симптоми, што значи хоспитализација, да мора да бидат ставени на респиратор, за жал може да завршат и фатално, односно со смрт. Исто така, симптомите на постковид синдромот се крајно несигурни. Може да доведат до брзо заморување и да имаат негативно влијание врз одредени органи и имунитетот - нагласува Стојановиќ.