Делови од три скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Гази Баба, Сарај и Кисела Вода.

- поради интервенција во ТС Маџари 19, од 08:30-14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите од улиците Никола Киров-Мајски и Благоја Стефковски во Маџари;

- поради интервенција во ЕЕ-мрежа, од 09:00-10:00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите позади Џамијата и улиците „1“, „3“ и „5“ во село Сарај;

- поради планирана работа, од 09:00-12:00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите од улицата Саса 2.