Делови од три скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Малешевска – лоцирани спроти основното училиште. (општина Кисела Вода)

- во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од ул.1 на потегот од маркет Рејсер до вториот влез на село Батинци. (општина Студеничани)

- во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Пандил Шишков бр.10 и бр.22. (општина Аеродром)

- во период од 12.00 до 16.00 часот, корисниците лоцирани во кругот на фабриката Стаклара на бул. Борис Трајковски. (општина Кисела Вода)