
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска напладне со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Маџари и Хиподром, како и на Трнодол.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата Франц Лист, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Франц Лист, Петре Филиповски Гарката и дел од Жан Жорес.
Исто така, поради уличен дефект ф-80 милиметри на улицата Кнез Хацон 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Трнодол.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 до завршување со санација на дефектот.