Делови од Сопиште, Кисела Вода, Бутел, Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Жителите од скопското село Долно Соње утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 10:40 часот утре без струја ќе бидат корисниците од ТС Рудопроект, каменолом Беровиќ, селата: Осинчани, Држилово, Јасен, Елово, Патишка Река, Малчиште, Добри Дол, Ракотинци, Маркова Сушица, Јаболци, Нова Брезница, Говрлево, Горно и Долно Соње, селото Света Петка, ТС Грин еко фарма- живинарска фарма, ТС Маркова Сушица Сковин, Механографија, ТС Техно Павер и ТС Мис Вато.

Од 08:45 до 10:45 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од местото викано Чардак и дел од селото Бразда, а од 9 до 13 часот корисниците од Долно Лисиче.

Во периодот од 8 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „8“ во селото Радишани, куќите околу сервис „Зајо“ и куќите околу населбата „Хот и Хот“.

Од 9 до 16:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ околу новиот кружен тек кај последната постојка на автобусот со број 24, а од 9 до 15 часот дел од корисниците со викендици во скопското село Побожје.

Причината за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.