Делови од Скопје утре ќе бидат неколку часа без струја

ЕВН Македонија информира дека поради технички зафати во мрежата, на ден 17.01.2023 година (вторник) без електрична енергија ке останат следниве потрошувачи:

- од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Лазар Поп Трајков, дел од ул. Трифун Хаџијанев, дел од ул. Христо Ботев и дел од ул. Ташко Караџа (о.  Гази Баба);

- од 09.00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Орце Николов, (поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 (о. Центар);

- од 09.00до 14.30 часот корисниците на ул. Алжирска и дел од корисниците на ул. Багдадска (о. Карпош);

- од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел улица 18 (преку реката Серава) од бр 13 до бр 35, непарните броеви(о. Бутел) и

- од 11.00 – 14.00 часот дел од бул. Јане Сандански (бр.86, 88 и 90) позади ТЦ Бисер  (о. Аеродром).