Делови од Скопје утре без струја – најавени прекини од ЕВН

Од ЕВН Македонија информираат дека утре ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку општини во Скопје.

Во општина Карпош, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе останат потрошувачите од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток, како и објектите на „Електроводомонт“ и „Европа 92“.

Во општина Сарај, од 09:30 до 14:00 часот, прекин ќе има за дел од селото Кондово, како и за корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане, вклучително и Каптажа Рашче.

Во општина Центар, од 11:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од улицата „Рилски Конгрес“, од број 2 до број 8, како и дел од улицата „Георги Скрижеевски“, на потегот од раскрсницата со улицата „Христо Чернопеев“ до раскрсницата со улицата „Рилски Конгрес“.