Делови од Скопје утре без струја

Без струја утре од 9 до 11:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Марко Орешковиќ и дел од улицата „Васил Ѓоргов“ (корисници од куќен број 2 до број 8) во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 9:30 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улица 2 во село Кучково.