Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре делови од Скопје и неколку околни населени места ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Прекините ќе се реализираат во текот на претпладневните и попладневните часови, согласно утврдениот распоред.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат Блаце, Катланово и Бадар, како и делови од Стари Лозја кај Фазенарија, Тотинци и селото Кожле.
Во општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 15:30 часот, прекин ќе има кај корисниците на улицата „Ѓуро Салај“, како и во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат делови од улиците „Ловќенска“, „Илија Плавев“ и „Леринска“.
Во населбата Лисиче, од 10:00 до 14:00 часот, прекин ќе има кај подуличките со број 8, 10 и 12 на улицата „Тодор Чангов“.