
Поради планирани зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода, информираат од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Според најавата од ЕВН, од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Кавалска“ во Општина Кисела Вода.
Во истиот временски период, без електрична енергија ќе останат и жителите на селото Морани и викенд-населбата Морани во Општина Студеничани.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на оваа улица во Општина Центар.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Воедно, од Водовод најавуваат дека утре, поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел што ќе ги изведува ЕВН, можно е делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара да останат без вода или да имаат намален притисок.
Прекините во овие населби може да започнат од 05:00 часот и ќе траат до завршување на работните активности.