Делови од Скопје денес без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска и утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Центар, Чучер Сандево и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане во Општина Сарај.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Македонија“ (делот од Рекорд до ресторан Пелистер) во Општина Центар.

Во периодот од од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Побожје и Кучевиште во Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ непарни броеви од 59 до 71, „Димо Хаџи Димов“ непарни броеви од 177 до 181 и „Димо Хаџи Димов“ парни броеви 134 од 152, во Општина Кисела Вода.