Делови од Скопје без вода поради дефекти во мрежата

Без вода денеска делови од Скопје поради дефекти во мрежата. 

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е од 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Дополнително, поради дефект во шахта на улицата „18“ во населбата Саса, кај број 30, без вода ќе останат корисниците од населбата Пинтија.

Прекинот во Пинтија започнал во 09:05 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата на екипите на терен.