Делови од Скопје без вода и струја

Дел од корисниците од село Усје, општина Кисела Вода утре од 8.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „1“ бб до Пумпената станица Усје, во населбата Усје. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.

Дел од корисниците од улицата „Букурешка“ во општина Карпош в понеделник, од 8.30 до 10.30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Дичо Петров“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.