Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ информира дека за ден 10.10.2019 година (четврток) се планирани технички зафати во електро-системот и без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

• во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. Виетнамска. (Општина Шуто Оризари)

• во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Ганчо Хаџипанзов, Караорман и Димитар Пандилов. (Општина Центар)

• во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од с. Љубин и фирмите Даути Комерц, Ука Комерц и Кланица Вилан. (Општина Сарај)

• во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од броевите над 150 на ул. Јајце, објектите на Бул. Цветан Димов помеѓу хотел Алба и маркетот Кипер, ул. Сараевска, и околните објекти на крстосницата од улицита Јајце и Бул. Цветан Димов. (Општина Гази Баба)

• во периодот од 20:30 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. Јадранска од бр. 2 до бр. 34 и дел од ул. Борис Сарафов од бр. 51 до бр. 72. (Општина Ѓорче Петров)

• во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 8 Март бр. 20 и ул. Орце Николов бр. 98. (Општина Центар)

• во периодот од 12:00 до 13:30 часот корисниците од Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 96 и бр. 98 и околните објекти и ул. Прашка броевит 11, 13, 44, 40 и 34 и околните објекти. (Општина Карпош)