Делови од општините Карпош, Шутка и Бутел во понеделник без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД денес известија дека на 13-ти ноември (понеделник), поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат улици во неколку скопски општини.

Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улиците: Јуриј Розентал, Иљо Војвода, Мелничка,  Виничка, Гвадалахара, Нов Живот,  Вашингтонска,.Бутелски Венец  и  Че Ге Вара во општина Шуто Оризари.

 Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Бутелска кај каналот, ул. Призренска и ул. Бел Камен во општина Бутел.

Од 09:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Хо Ши Мин во општина Бутел.

Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Бардовци подулици бр: 10, 14 во општина Карпош.