Делови од општините Аеродром, Карпош, Сопиште утре без струја

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат делоби од општините Аеродром, Карпош и Сопиште.

– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од бул. АНОМ бр.14, 16, 18 и 24. ( општина Аеродром )

– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од село Барово. ( општина Сопиште )

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од бул. Илинден од бр.24 до бр.28 и од бр.96 до бр.120. ( општина Карпош )

– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од бул. АСНОМ и бул. Видое Смилевски Бато лоцирани позади бензинската станица ОКТА како и објектот на самата бензинска станица ОКТА. ( општина Аеродром )

– во периодот од 12.30 до 15.00 часот, корисниците од бул. АСНОМ бр.52, 56, 58 и 62. ( општина Аеродром)