ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денес поради изведување на приклучок и дефект делови од општина Центар ќе бидат без вода.
- поради дефект на водоводна приклучна цевка Ф 1“. на бул. Кочо Рацин АД Скопски Пазар (Зелен Пазар). Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од бул. Кочо Рацин и АД Скопски Пазар (Зелен Пазар).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
- поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица Ленинова бб. со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица Ленинова на потег од улица Никола Тримпаре до бул. Партизански Одреди.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.