Делови од неколку скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 01.04.2021 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улиците Лазар Поп Трајков бр.17, 18 и 19, Трифун Хаџи Јанев бр.8, 10 и 12 и Ташко Караџа бр.2, 4, 6 и 8. ( општина Гази Баба )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Крушопек лоцирани во околината на џамијата. ( општина Сарај )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Ракотинци лоцирани под основното училиште на патот кон село Добридол. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од улиците Андреја Зограф, Смилевска, Борис Сарафов и Александар Македонски лоцирани во близината на бензинската пумпа на Макпетрил, објектот на бензинската пумпа Макпетрол, дел од корисниците од ул. Црногорска лоцирани покрај пругата, просториите на месната заедница, како и дел од корисниците на влез во село Кондово. ( општина Ѓорче Петров )