Делови од неколку скопски населби утре ќе останат без струја и вода

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 26.09.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

- Во периодот од 08.00 до 13.30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев  23(општина Кисела Вода)

-  Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од Средно Водно, врв Водно (општина Центар), Горно Нерези (општина Карпош) и с.Крушопек (општина Сарај)

- Во периодот од 09.00 до 14.0 часот, корисниците од ул.13 во Сопиште (општина Сопиште) 

 

Од ЈП Водовод и Канализација, добивме известување дека на ден 26.09.2022 година (  понеделник ) 

-поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Востаничка бр.88 во населба Пржино, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода)

-поради дислокација на шахта на ул. Дамаска бр.11, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Дамаска, како и дел од корисниците од ул. Прашка (општина Карпош)