Делови од неколку скопски населби утре ќе останат без струја

Корисниците од село Љубин, лоцирани на улицата 104 во општина Сарај, утре од 9 до15:30 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 6:30 до 7:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Момин Поток, дел од индустриската зона Визбегово и дел од булеварот „Босна и Херцеговина“ во општините Бутел и Карпош.

РЦУК – Скопје информира дека прекините се заради инвестиции во електромрежата.