Делови од Кисела Вода, Сопиште и Чучер Сандево утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 29.11.2022 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Востаничка. (Општина Кисела Вода)
-Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
-Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од селата: Бразда и Горно Оризари, како и
стопанските објекти во околината на Каменоломот на АД Гранит – Бразда. (Општина Чучер Сандево)
-Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Мариовска. (Општина Кисела Вода).