Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (понеделник), без електрична енергија ќе останат:

-од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Востаничка од бр. 29 до бр. 33, улица Ениџе Вардарско бр. 10,  Ениџе Вардарско бр. 8, Дел од улица Серска (Општина Кисела Вода)

-од 08:30 до 14:30 часот, ул.Саса (подулички бр.6, 12, 14, 16, 18, 24, 26, 28, 30), ул.1440, дел од ул.Јабланица, дел од ул.Саса (Општина Кисела Вода)  од 09:00 до 10:00 часот, дел од ул. Крсто Раковски (Општина Ѓорче Петров)

-од 09:00 до 14:30 часот, ул.Антон Димитров (од крстосница со ул.Живко Фирфов до крстосница со ул.Румена Хаџипанзова) (Општина Кисела Вода)