Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сопиште денес без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес, 7 јули 2026 година, поради планирани технички зафати, без електрична енергија ќе останат корисници од неколку скопски општини.

Во општина Кисела Вода, во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Антон Попов“, како и ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“.

Во општина Ѓорче Петров, прекин е најавен од 09:00 до 12:00 часот за дел од корисниците од улица „31“ во Волково. Во истиот период без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците во село Добри Дол, општина Сопиште.

Од 09:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат и дел од корисниците од улиците околу старечкиот дом во Ѓорче Петров.

Дополнително, во периодот од 10:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улица „81“ и околните улици во Волково, општина Ѓорче Петров.

Снабдувањето со електрична енергија се очекува да биде нормализирано по завршување на најавените интервенции.