Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Кара Трифун. (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од улиците Знеполе, Мајски Манифест и Штросмаерова, како и дел од корисниците од ул. Ѓорче Петров лоцирани на раскрсницата со ул. Мис Стон. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 10.00 до 14.30 часот, корисниците од ул. Свети Климент Охридски бр.15. (општина Центар).