Делови од Кисела Вода денеска без струја

И денеска делови од главниот град повремено ќе останат без струја.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во Кисела Вода. 

Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Гераника, поточно подулиците 3, 5, 7 и 10, општина Кисела Вода.