Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, во близина на „Гет Кафе“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на огрлица ф-200 на улица „Христо Татарчев“ 56а.
Поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Народен фронт“ бб, во близина на Цветен пазар, денеска од 9:40 часот без бода се дел од корисниците од улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓорѓов“.
Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Овчеполска“ 31, прекин во водоснабдување денеска од 9:30 часот имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектите.