Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (вторник) поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. 8-ми Септември до ул. Никола Тесла (општина Карпош).
Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.