Делови од Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Без снабдување со струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Момин Поток, а од 9 до 10 часот корисниците од улицата „Влае“.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Долна Арнакија, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Борис Бојаџиски“ и „Лука Геров“ подулици бр. 15, 16. и 18.

Дел од корисниците од улицата „Мајаковски“ ќе бидат без струја од 11 до 14 часот.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.