Делови од Карпош, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од улицата „2" во село Инџиково, лоцирани во близината на објектот на Нино Маркет утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:45 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Жданец" од број 1 до број 14 во Општина Карапош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Гиго Михајлоски" бр. 9, „Иван Аговски" бр. 8 и бр. 10 и улицата „Даскал Камче" бр. 1, бр. 2, бр. 3 и бр. 9 во Општина Карпош, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од улицата „Томе Арсовски" во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот  без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „1" во село Батинци и местото Ќупријан, од 9:30 до 12:30 часот корисниците од село Горно Свиларе, а од 10:30 до 13:00 часот дел од корисниците од село Крушопек.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.