Делови од Карпош, Кисела Вода и Гази Баба утре без струја

На официјалната Фејсбук страница на Општина Карпош, објавија дека без електрична енергија утре ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од ул. Вич бр.24. (Oпштина Карпош )
– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, дел од корисниците од бул. Борис Трајковски – крак 10 лоцирани во горниот дел спроти објектите на Соло Пром Кисела Вода и Модул Пласт, како и дел од корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 1 лоцирани спроти објектите на Модул Пласт и Талија Дирекција. (Oпштина Кисела Вода )
– во периодот од 09.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Козле – подулици бр.3 и бр.5. (Oпштина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Палмиро Тољати лоцирани во околината на бр.172 б. (Oпштина Гази Баба ).