Делови од Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.1 во село Добри Дол. (општина Сопиште)

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Бранислав Нушиќ, како и објектот на детската градинка Орце Николов. (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Панче Пешев, како и корисниците од улиците Римска и Наум Евро. (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Македонија бр.3, Даме Груев бр.5 – влез 1 и влез 2. (општина Центар)

-дел од корисниците од ул. Румена Хаџи Панзова, како и корисниците од улиците Иван Тургењев, Живко Фирфов, Иван Хаџи Николов и Стари Новакина. (општина Кисела Вода)

- во периодот од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул. Франц Прешерн како и корисниците од ул. Ацо Шопов. (општина Карпош)