Делови од Карпош и Горно Соње утре без струја

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе останат корисниците лоцирани на улиците „Ѕоле Стојчев“ згради бр. 3 и 12 во општина Карпош и жителите од скопското село Горно Соње.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Скупи“ – подулици 12, 14, 16, 20 и 22 во општина Карпош.

Прекините се поради инвестиции во електросистемот.