Делови од Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Долно Количани утре без струја

Корисниците од зградата број 80, влез 2  на булеварот „Партизански одреди“ во Општина Карпош утре од 9:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Корисниците од зградата број 80, влез 2  на булеварот „Партизански одреди“ во Општина Карпош утре од 9:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 8:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Загрепска“, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од сите непарните броеви од број 9 до број 23 на улицата „Васил Ѓоргов“ во Општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 17:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Долно Количани, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Манчу Матак“ во Општина Ѓорче Петров. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од  страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.