Делови од Илинден, Карпош и Сарај без струја, еве каде ќе нема вода денеска

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

 Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

- Во период од 11,00ч до 14,00ч дел од потрошувачите на ул. Прашка од бр.54 до бр.70 и дел од ул. Букурешка од бр.110 до бр.140 (о. Карпош);

- Од 09,00ч до 11,00ч. ул. Париска бб спроти Градска болница 8ми Септември и Кардиохирургија Филип Втори (о. Карпош);

- Од 08,00ч до 12,00ч, ул.532 во нм Марино и тоа следните фирми: Агриматко, Пламтекс, Метромедикал и Димима(о. Илинден);

- Од 12,00ч до 14,30ч. дел од с. Кучевиште (о Ѓ. Петров) - Од 09,00ч до 15,30ч. Корисниците од с. Семениште, Чајлане, Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци (о. Сарај).

ЈП Водовод и канализација на ден 30.03.2023 година известува дека без водоснабдување ќе бидат следните корисници: -Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на Димо Хаџи Димов бб (во близина на комплекс Шампионче), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Димо Хаџи Димов и дел од ул. Божидар Аџија.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(о К. Вода)

-Поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Копенхагенска бр.4б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул: Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Стокхолмска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски од 09:00 часот (о. Карпош).

Поради специфичност на дефектот очекуваме санирањето на истиот да биде во вечерните часови, велат надлежните.