Делови од Илинден и Петровец денеска неколку часа без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (сабота), без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Мралино и дел од с. Кадино. (Општина Илинден)

-Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од од с. Огњанци, Ул. 1 и Ул. 3. (Општина Петровец).